Само 3 отсто од младите се задоволни од нивното место во општеството, најмладите најголеми оптимисти

0
74

Апатични, невклучени и незаинтересирани е генералната слика за младите во Северна Македонија. Тие изразуваат голема недоверба кон институциите, кога би можеле би си отишле од државата и немаат волја да се вклучат во оппштествени иницијативи. Но, ова во најголем дел се однесува кај младите на возраст од 30 до 35 години, додека оптимизмот се уште е присутен меѓу најмладите. Ова го покажува најновото обемно истражување на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Истражувањето, спроведено со телефонска анкета на 1025 млади меѓу 15 до 35 години, покажа дека 6 од 10 млади лица веруваат дека воопшто не можат да влијаат врз тоа како работат властите. Една третина сметаат дека земјата ќе биде подобро место за живеење за низ за 5 години од сега, а 60 отсто веруваат дека Северна Македонија ќе стане земја членка на Европската Унија, но 70% од нив мислат дека тоа ќе се случи во следните 5 години.