Сведок на „Еразмус“: Шуклев бараше да има сексуални односи или 1.000 евра за да даде оценка

0
100

Сведокот Дејан Трајковиќ на денешното рочиште за случајот „Еразмус“ наведе дека професорот Бобек Шуклев барал да има сексуални односи или да добие 1.000 евра за да и даде оценка на студентка на Економскиот факултет.

Во периодот од 2015, 2016 година две студентки, од кои едната била трудна доаѓале во бифето и седеле со Трајковиќ. Една од нив, онаа која не била трудна прашувала,  дали може да се лобира кај професорот Шуклев, кој често доаѓал во бифето, за да добијат оценка.

Трајковиќ му пренел на Шуклев, а тој му рекол дека девојчето било слаба студентка. Но потоа професорот Шуклев го викнал вработениот во бифето и му рекол дека на студентката ќе и стави оценка ако има секс со нејзе или да плати 1000 евра.