СДСМ бара нов предлог за МВР од ВМРО-ДПМНЕ

0
69

Hеполни 24 часа по вчерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на кој лидерот на опозицијата предложи воено лице како нивен кандидат за прв човек на МВР, владејачката СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат.

„После отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат за министер за внатрешни работи“,

соопштија од СДСМ.

Според СДСМ, јасен е членот 97 од Уставот во кој се вели дека со МВР или со Министерството за одбрана може да раководи цивилно лице кое најмалку три години не е во униформа. Во соопштението, социјалдемократите индиректно се осврнуваат и на претходните спорни примери, кога Митко Чавков во 2015 година или Силјан Аврамовски во 2004, кои станаа министри од директорски позиции во МВР.