СДСМ одлучува за техничкиот премиер и коалицијата со ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ очекува 61 пратеник

0
75

Дали да се остане во коалиција со ДУИ или на само 4 месеци пред изборите да се стави крај на соработката со интегративците ќе биде главна тема на координацијата на партиското раководство која Заев ја закажа за денеска. Ваквиот епилог следи по серијата несогласувања меѓу коалиционите партнери поврзани пред се со изборниот законик.

Меѓу темите кои се очекува да ги отвори партискиот врв ќе биде и кадровскиот состав на новата техничка влада. И додека во СДСМ официјално велат дека наследникот на Заев и останатите дополнителни министри ќе ги изберат партиските тела, извори од Бихаќка велат дека позицијата на Спасовски во премиерската фотелја на Заев е сигурна.

Во случај СДСМ да се реши да стави крај на соработката со ДУИ, се поставува прашањето, како ќе изгледа распоредот на силите во Собранието и каков ќе биде составот на мнозинството кое по Нова Година ќе ја избере владата задолжена за спроведување на изборите.