Силвија Стојановска му помагала на сопругот во трговијата со кокаин од Колумбија во Шпанија

0
83

Пет дена по апсењето, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја обелодени вистината за шверцот на 700 килограми кокаин за што во притвор заврши актерката Силвија Стојановска, Воислав Будисавлевиќ и брат му кој е во притвор во Шпанија. Стојановска му помагала на сопругот во шверцот на кокаин од Колумбија во Шпанија, кој делувал преку неговиот брат, кој бил во Шпанија.

Според МВР, членовите на организирана криминална група на лице идентификувано како ’капетан на брод‘ му исплатиле 850.000 евра како дел од сумата договорена за транспорт на кокаинот од Колумбија до Шпанија.