Со црвени и зелени кеси и со знамиња на рацете, деца и возрасни, придонесуваа за формирање на најголемата елка во историјата направена од луѓе.
Неколкумина ученици дојдоа со гас-маски поради аерозагадувањето и велат дека Скопје попрво ќе влезе во Гинисовата книга со загадувањето отколку за елката.
Дел од направената елка со луѓе беше и градоначалникот, Петре Шилегов. Тој рече дека граѓаните заслужуваат добри моменти во нивните животи.