Скратена за шест месеци затворската казна на мајката која го задуши детето

0
70

Претседателот Стево Пендаровски и ја скрати затворската казна за шест месеци на Ивана Јангеловска, мајката која беше осудена бидејќи во 2012 година ја задуши свјата тримесечна ќерка со перница.

Одлуката за помилување на триесетгодишната Ивана Јангеловска Манасиева денеска беше објавена во Службен весник. Претседателот ја донел одлуката на предлог на Комисијата за помилување. Утврдено било дека убиството било сторено додека мајката била во постпородилна депресија.