Со ловечки полуавтоматски карабин, поранешниот амбасадор Тони Димитровски му се заканил на својот сосед

0
78

Со ловечки полуавтоматски карабин, поранешниот амбасадор Тони Димитровски му се заканил на својот сосед во зграда на Водно. По пријавата, полицијата му нашла и му одзела три пушки и три пиштоли кои дома ги поседувал легално и со дозвола.

 

Полицијата потврди дека против Димитровски ќе биде отворена кривична постапка за дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, а исто така ќе биде покрената и управна постапка за одзеамње на оружјето и на муницијата најдена во домот на пријавениот.

 

За кривичното дело законот пропишува парична казна или затворска до 6 месеци.