Спасовски е подготвен да ја преземе функцијата премиер на техничката влада

0
71

Ова е преодна влада што треба да обезбеди, пред се, период за добра организација на изборите, фер демократски шанси за сите политички субјекти, да овозможиме граѓаните самостојно да ги носат одлуките. Меѓутоа, воедно да продолжиме и силно во работењето и реализацијата на проектите, да немаме застој во реформите во државата, да ги оствариме националните интереси, рече Спасовски по отварањето на нова градинка во штипската анселба Сењак.

Посочи дека сите приоритети кои стојат пред техничката влада, тој ќе ги презентира во експозето кога ќе се формира владата.

Прашан дали ја има големата слика за функцијата технички премиер и дали е способен за неа, Спасовски дециден дека е способен да ја извршува оваа одговорна функција, исто како што досега ја вршеше и функцијата министер за внатрешни работи.