Спасовски: Реформите во безбедноста го намалуваат организираниот криминал и корупцијата

0
81

Реформите во безбедносните служби беа потребни за опстанок на безбедносниот систем. Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, овој предизвик беше надминат со создавање на две нови институции, Националната агенција за безбедност и ОТА. Спасовски додава дека реформите во безбедноста и полицијата имаа значително влијание врз намалувањето на организираниот криминал и корупцијата.

 

Во 2019 година, полицијата најмногу се соочуваше со организирани групи кои извршиле кривични дела како трговија со дрога. МВР се соочи и со трговија со мигранти, корупција, економски криминал и трговија со оружје.

  • Трговија со дрога 16
  • Трговија со мигранти 8
  • Корупција 6
  • Економски криминал 5
  • Насилен криминал 2
  • Трговија со оружје 2
  • Перење пари 1

Спасовски смета дека Министерството за внатрешни работи ги зголемило инвестициите во полицијата во 2019 година, додека во однос на медиумите се зголемила транспарентноста.