Србија на нозе, потера по педофил кој киднапира 12 годишно девојче

0
129

Девојчето исчезнало во петокот на 20 декември, а последен пат било видено во утринските часови кога тргнало во училиште. Српските медиуми пренесуваат дека Јовановиќ прекарот го добил поради неговиот морничав фетиш да ги потстрижува своите жртви пред да ги силува, за што и тој самиот пред суд изјавил дека го возбудува.

Тој пред 25 години силувал жена и девојче, а кога во 2005 година бил пуштен на условна слобода, нападнал девојче од 12 години. Повторно завршил во затвор, од каде излегол минатата година. По излегувањето почнал на социјалните мрежи да прогонува жени.

Од друга страна извори блиски до полицијата информираат дека девојчето е живо и дека Јовановиќ ја носи со себе низ шумски предели кои одлично ги познава.

„Од петокот кога мајката го пријави нејзиното исчезнување ова е исклучителен приоритет и ангажиравме 300 полицајци, хеликоптерски единици, кучиња трагачи, ги користиме сите мерки за пронаоѓање на малата моника изјави, шефот на полицијата Владимир Рбич.