Страшна несреќа во Македонија – Прегазена тинејџерка

0
85

Тинејџерка прегазена и итно пренесена во болница кога на неа налетал автомобил на улица во Кочани.

Во 20.50 часот вчера било пријавено дека во Кочани, на улицата „Тодосија Паунов“, патничко моторно возило „ауди КУ7“, со бугарски национални ознаки, управувано од 28-годишниот Б.Ц. од Кочани, удрило во 17-годишен пешак од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило прегазеното девојче по што било пренесено во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.