СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО МЕКСИКО: Најмалку деветмина загинати

0
83

Најмалку девет лица загинаа, а 12 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во западниот дел на Мексико.

Службата за цивилна одбрана во сојузната држава Халиско соопшти дека несреќата се случила кога комбе удрило во камион паркиран покрај патот и се запали.

Се стравува дека бројот на загинати може да порасне бидејќи поголем број од повредените се во критична состојба.