Тетовец изгубил контрола над автомобилот, па удрил во пешак и паркирано возило

0
78

Тетовец изгубил контрола над возилот, па удрил во 76- годишен маж од Охрид и паркиран автомобил, при што Охриганецот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница.

 

Според пријавеноточера вечер во 21.45 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на село Радомирово, општина Дебарца, патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(46) од село Порој, тетовско, изгубило контрола и излетало од патот, при што удрило во Е.М.(76) од Охрид и паркирано патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки.

 

Во незгодата, Е.М. се здобил со тешки телесни поврди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош.

 

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.