Три девојчиња прегазени од таксист во Чаир – тешко повреденото е на КАРИЛ, а другите 2 во Детска хирургија

0
75

Со тешки телесни повреди три малолетни девојчиња завршија во болница откако во нив удри таксист. Сообраќајната несреќа се случи на пешачки во скопски чаир додека ученичките го минувале булеварот. Едно од децата е пренесено на Карил , за сега е во стабилна состојба но ќе биде оперирано . Другите две повредени се на клиниката за детска хирургија. Сите се на возраст од 12 и 13 години.

Трагите од кочење во должина од 20 метри сведочеа за немилиот настан. Дали брзото возење било причина, допрва ќе утврдува полицијата. Булеварот Христијан Тодоровски Карпош беше неколку часа затворен за сообраќај во еден правец. Неофицијално девојчињата оделе кон книжарница за да купат школски прибор. Според првичните сознанија, возачот тврдел дека удрил бидејќи од градски автобус кој возел паралелно со него, не ги видел девојчињата на пешачкиот премин.

Ова е еден од најфреквентвните пешачки премини на булеварот, поради брзото и несовесно возење, жителите побарале уште пред една година да биде поставен семафор.