Турската полиција уапси повеќе од 30 странски државјани поради поврзаност со ИД

0
86

Турската полиција уапси повеќе од 30 странски државјани во Анкара, осомничени дека се поврзани со терористичката организација Исламска држава.

Според турските медиуми, уапсените биле по потекло од Ирак, Сирија и Мароко.

Се трага уште по 17 лица. Рација имало и во други градови.

Во меѓувреме Анархистичката организација „Командос, ја презеде одговорноста за запалениот автомобил на турскиот дипломат вработен во Конзулатот на Турција во Солун.