Уапсени петмина вработени во општина Тетово, полицијата трага по член на Судскиот совет

0
82

Со лажни документи легализирал непостоечки објект, а потоа го откупил и државното земјиште. Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет е осомничен за злоупотреба на службената положба. Според истрагата на Обвинителството, Теофиловски измамата ја направил во 2011-та додека бил претседател на спортско здружение во Тетово.

„Поднесувајќи лажни докази, започнал постапка за легализација. Кон барањето за утврдување правен статус на непостоечки објект, до општина Тетово, приложил нотарски заверена изјава со која лажно изјавил дека станува збор за објект изграден во 1995 година, а приложил и геодетски елаборат“, се вели во известувањето од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Во легализацијата и откупот на државната земја, на Теофиловски му помогнале и седуммина службеници. Лажен елаборат изготвил геодет, вработени во општина Тетово по увид на празната парцела напишале дека има објект со површина од 100-тина квадрати.