Утрово судар под железничка – неколкумина повредени

0
95

Рано утринава околу 3.00 часот по полноќ, на раскрсницата кај железничка станица, се случила страшна сообраќајна незгода објави Слободен печат.  Станува збор за судир помеѓу две возила, „форд“ и мерцедес“, при што патниците во „фордот“, биле потешко повредени.

Повредените, со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентниот центар.

Во моментов на терен има екипи на ЈП „Улици и патишта“, кои вршат санација на скршен семафор при судирот на возилата.

Пред околу еден час, пајак ги собрал двете возила, а притоа тој дел на улицата бил затворен.