Уште 28 дена граѓаните ќе можат да аплицираат за пари од годинешниов буџет за проектот „Купи куќа – купи стан“

0
76

Последниов ден од годинава ќе заврши аплицирањето за субвенциониран кредит од државата за проектот  „Купи куќа – купи стан“. Тоа значи дека последните апликации на граѓаните, за кои решава посебна комисија ќе треба да ги разгледува во изборен период. Министерката за финансии вели дека ќе побара мислење од Антикорупциска, но се надева дека нема да добие негативно мислење бидејќи станува збор за тековен проект.

„Не гледаме причина зошто не би смеело да продолжи затоа што се работи за проект што е тековен. Во минатото согласно искуството немало никаков проблем во однос на овој проект, така што не очекуваме да има било каков проблем и да треба да запре постапката“, рече Нина Ангеловска, министерка за финансии.

Каматна стапка на рата во првите три години                              2,9 %

Каматна стапка на рата во четвртата и петата година                 3,9 %

Учество                                                                                               4 %