Филипче ќе предложи побрзо воведување вонредни мерки при зголемена загаденост на воздухот

0
84

Министерот за здравство Венко Филипче ќе иницира промена на досегашните правила, за да може порано да се воведат вонредни мерки кога загадувањето на воздухот ја надминува границата.

Според досегашната практика, надлежните ги воведуваат т.н. интервентни мерки кога концентрацијата на отровните пм честички е над границата од 200 микрограми три дена по ред.