Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе се прикаже во петок во Тетово

0
87

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе се прикаже во петок во Тетово
Најновиот филм „Врба“ на најпознатиот македонски филмски режисер Милчо Манчевски ќе се прикаже во Тетово во петок 13 декември од 19 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. Картите по цена од 150 денари се продаваат во Центарот за култура.

„Врба“ е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски. Ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство.

Главните улогу се на Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски и Ненад Нацев. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.