(ФОТО+ВИДЕО) СНЕГ И ВЕТЕР ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер и пожарникари спасуваа луѓе

0
149

Пожарникарите во Грција спасиле 13 луѓе кои со автомобилите биле завеани.

Тие се префрлени во селото Скурта и се во добра состојба.

Со хеликоптер беа спасени четири луѓе кои биле на јахта, кога почнал да дува силен ветер, а моторот се расипал.

Повеќе села се без струја. Патот кој ја поврзува Атина со Ламија е затворен, а на возачите им се препорачува да користат синџири, објави „Катимерини“.

Затворени се пристаништата Пиреа, Рафина и Лаврио. Снег паѓа во северна Грција и во пониските предели во источна Тесалија, централна Грција и североисточен Пелопонез.