Фрлена експлозивна направа врз кафуле во центарот на Подгорица – граѓаните ги вонземирила силна детонација

0
109

Експлозивна направа била фрлена во текот на претходната ноќ во околу три часот во кафуле во Подгорица, кое се наоѓа во строгиот центар на градот, на булеварот Иван Црнојевиќ.

Според сознанијата на црногорските медиуми во оваа експлозија немало повредени лица. На локалот му е причинета значајна материјална штета.

Силната детонација ги вознемирила станарите од тој дел на градот. Увидот е во тек.

Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за ова случување.