Хелсиншки комитет: Се исплаќа К-15 од 1.000, 500 и 100 денари

0
77

Хелсиншки комитет: Се исплаќа К-15 од 1.000, 500 и 100 денари

Многу често работодавачите исплаќаат незначителни износи на име регрес за годишен одмор, за што говорат и документираните случаи на Хелсиншкиот комитет, во кои работодавачите неретко исплаќаат 1.000, 500, па дури и 100 денари на име регрес за годишен одмор.

Околу седум отсто од сите случаи на повреди на работнички права пријавени до Хелсиншкиот комитет за човекови права се однесуваат токму на случаите поврзани со исплаќањето на регресот за годишен одмор, се вели во соопштението, во кое меѓу другото се бара Државниот инспекторат за труд да посвети должно внимание и да го истражи секој пријавен поединечен случај.