Холандскиот премиер Руте: Не верувам дека Албанија е подготвена да почне преговори со ЕУ

0
73

Холандија не е против проширувањето на ЕУ и смета дека Северна Македонија е блиску до започнување на преговорите за членство, но оти Албанија се уште не е подготвена за страт на преговорите, изјави холандскиот премиер Марк Руте за подгоричка „Побједа“.

Не веруваме дека Албанија во моментов е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ. Што се однесува до Северна Македонија таа е поблиску до таа цел, вели Руте.