Царовска: Во 2020 година издвојуваме 1.3 милијарди денари за самовработување, парите ги насочуваме кон младите

0
78

Оваа година се издвоени 1,1 милијарди денари, кои со пораснаа на 1,3 милијарди. Се надевам дека до 2021 година можеме да стигнеме и до 2 милијарди денари за овие мерки, истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, на трибината Агенда Млади 2020-24.

Царовска додаде дека е важно државата да вложи во секое младо лице, кое сака да започне свој бизнис. Дополнително, Царовска истакна дека враќањето на довербата на младите кон институциите е многу важна за младите да се вклучат и да ги искористат мерките кои што се за нив.

Затоа ние создаваме функционални институции и поддржавме 1.782 лица со средства од 5.000 до 10.000 евра, ги поврзавме со Фондот за иновации, за тој бизнис да стане поцврст и да вработува други лица. Тоа се развојни политики кои создаваат шанси за младите и ја враќа довербата кај младите, искана Мила Царовска, потпретседателка на СДСМ и министерка за труд и социјална политика на денешната трибина на СДСМ Агенда Млади 20-24 во Скопје, се наведува во соопштението од СДСМ.