Царовска: Детскиот развој ни е приоритет, за две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари во градинки

0
83

За наредната година во Буџетот на Министерството се планирани нови 105 милиони денари за истата намена.

– Ние како Министерство се грижиме да ги поттикнеме локалните самоуправи да инвестираат во детската заштита, но и ние како Владата инвестираме во нејзин развој, а особено во инфраструктурата во градинките. Вложивме повеќе од 180 милиони денари само за доградба, реконструкција, проширување и изградба на градинки. Дополнително за наредната година се планирани 105 милиони денари за инвестиција во инфраструктура во детска заштита, рече Царовска при посетата на градинката „11 Октомври” во општина Бутел.

Заедно со градоначалникот на Општината, Велимир Смилевски, додаде министерката, имавме можност да го посетиме делот кој е реновиран и со проширен капацитет и зголемен опфат за дваесеттина дечиња.