ЦЕА: Раст на економијата и до пет проценти ако во изминатите 10 години се реализираа капиталните расходи

0
86

Стапката на раст на македонската економија во изминатите 10 години ќе достигнела и до пет проценти, доколку се реализирале капиталните инвестиции, кои во изминатите 10 години бележат значително кратење, оценува Центарот за економски анализи (ЦЕА).

Во анализа што ја направи Центарот врз основа на модел за финансиско програмирање, развиен во соработка со Микро-макро консултантите од Хаг, стои дека ако биле реализирани планираните капитални инвестиции, растот во 2010 година би бил 5,1 отсто, во 2011. – 3,7 отсто, во 2012. – 1,4 отсто, 3,5 во 2013 година, 4,9 отсто во 2014 година, пет отсто во 2015, 4,5 отсто во 2016 година, 2,2 отсто во 2017 година и 4,5 отсто во 2018 година.