ШЕЌЕРИНСКА, ЈАНЕВА, КАМЧЕВ, БОГОЕВ, КИРАЦОВСКИ, ФИЛИПЧЕ, МЕЃУ ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА ДОМОТ НА БОКИ 13

0
88

Не само што се фотографирале со Боки 13, политичари му биле и на гости во неговиот дом. Хигиеничарката на Бојан Јовановски денеска во судница откри дека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска била кај Јовановски дома, а таму ги видела и Александар Кирацовски, градоначалникот на Карпош- Стефан Богоев, министерот за здравство Венко Филипче. Боки 13 дома го посетувале и Катица Јанева, естрадни лица и негови соработници од телевизијата.

„Во куќата каде што живееше Јовановски доаѓаа Шекеринска и Јанева на кратка посета, доаѓаше Орце Камчев, Зоран Милевски, Стефан Богоев, Кирацовски, Лила, Сергеј. Еднаш дојде и Венко Филипче заедно со Камчев и со Милевски. Кичеец беше чест гостин во станот на Бојан, доаѓаше скоро секој ден, понекогаш и двапати на ден, а влегуваше без да тропне. Ги послужував со кафе, сок, а понекогаш и со храна, а разговори конкретни не сум чула.“ – изјави Драгана Колевска- хигиеничарка во домот на Боки.

Кога излезе аферата „Рекет“, најголем дел од нив тврдеа дека не се познавале со Боки 13, туку дека само се фотографирале еднаш до два пати со него, а некои избегнуваа директен одговор. Единствено Филипче потврди дека во една прилика заедно со Орце Камчев биле кај Боки 13 да разговараат за некои јавни-приватни партнерства, но не договориле ништо.