Шилегов: Со новиот систем за елиминација на огнови на отворено направивме 524 интервенции за две години

0
76

Ова го нагласи градоначалникот Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје, како одговор на советничко прашање. Шилегов се осврна на неколку клучни активности кои веќе даваат резултати , се наведува во соопштението од град Скопје.

Кога зборуваме за јавниот превоз, веќе е почната постапката од Министерството за финансии. Успеавме како град да се избориме за финансиска поддршка со кредитно задолжување на државата и постапката веќе е во тек. Вчера имав и работен состанок со претставници на една од развојните банки која е подготвена да го поддржи овој проект со цел да влеземе во негова имплементација. Моите очекувања се дека тоа ќе биде видливо некаде кон крајот на идната година. Станува збор за стратешко решавање на проблемот со јавниот транспорт во нашиот град, имајќи предвид дека претходно системот за јавен транспорт бил фокусиран на релацијата исток – запад, односно Ново Лисиче – Ѓорче Петров. Тука имаме релативно квалитетна документација којашто сега може да послужи како основа за побрза имплементација. Она што паралелно го работиме ние како град и што на крајот на денот ќе го понудиме како целосен систем е решавање на релацијата север – југ, односно од Бутел до Кисела Вода. Линиите ќе се вкрстуваат некаде кај Црвен крст – рече Шилегов.