Штипски „Исар“ изгради над 11 километри водоводна и канализациона мрежа

0
77

Штипското комунално претпријатие „Исар“ за 11 месеци има изградено и реконструирано вкупно 11 километри и 300 метри водоводни и канализациони мрежи. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев вели дека изградени се седум километри водоводна, а три километри и 300 метри канализациона мрежа. Инвестицијата изнесува околу 42 милиони денари.

-Исто така имаме избушено и нови бунари за водоснабдување, кои се ставени во функција и оваа година ако не беа избушени овие два нови бунари, граѓаните ќе стравуваа околу водоснабдувањето. Но, со нивното ставање во функција можам да кажам дека во  летниот период, кога температурите беа високи успеавме водоснабдувањето да биде нормално и секогаш да имаат вода граѓаните, вели Тасев.