Што значи зборот „укажувач“? Граѓаните не знаат, институциите го игнорираат

0
85

Што значи зборот „укажувач“?Тоа не им е јасно ниту на граѓаните, ни на одговорните во институциите, иако веќе четири години постои закон со кој се регулира заштитата на луѓето кои ќе се осмелат да пријават корупција на работното место. Од 1.314 државни институции, само 79 назначиле лице за внатрешно пријавување на корупција, а само 4 имаат лице и за надворешно пријавување.

Законот не се почитува ниту од приватните компании, а дури ни на врвот на државната пирамида, не е лесен патот до заштита на укажувачите. Институциите се должни на секои шест месеци да поднесуваат извештај до Антикорупциската комисија. Ако не поднесат, им следува висока парична казна. Но, ниту тие го почитуваат законот, ниту некој казнува поради тоа.