Јана Стојановска тврди: Мајка ми е невина, братот на нејзиниот сопруг е осомничен за шверц на дрога

0
73

Актерката Јана Стојановска тврди дека нејзината мајка, актерката Силвија Стојановска, нема никаква врска со шверцот на дрога.

Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но само кратко, зошто брзо е установено дека таа нема никаква врска со дрога. Таа е доведена во ова поради братот на нејзиниот соруг, кој е осомничен за шверц. Мојата мајка без причина ја нападнаа и приведоа, таа е невина – вели Стојановска за српска Република.

Таа додава дека истрагата ќе докаже дали нејзиниот сопруг има врска со овој случај.