Љубе Бошковски: Немам обврска да носам странски инвестиции

0
70

Љубе Бошковски, претседателот на Обединети за Македонија, вели дека како советник на премиерот Зоран Заев нема обврска да носи странски инвестиции, односно да дава отчет, затоа што тоа е работа, како што вели тој, на министрите од Владата.

Ова Бошковски го тврди во својата реакција упатена до Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој упати критика на негова адреса дека е поставен во кабинетот на Заев по политички заслуги и дека неговата работа нема ефект.

„Јас не сум министер за странски инвестиции, туку сум советник на премиерот за странски инвестиции. Господине Мицкоски, тоа значи дека јас советувам, немам обврска да носам странски инветиции.

Но и покрај тоа, инвестиции има да ги броите цел ден, дел донесени и од мене. Сите се дојдени поради добрата бизнис клима која се создаде после пеколот што го направи вашиот ментор во бегство. Инвестиции има поради крајот на еден режим за кој вие по се изгледа уште не сте свесни со оглед дека кажувате за методи за влечење некого за ракави“, вели Бошковски во дел од својата реакција.

Тој наедно го повика Мицкоски на ТВ-дуел за странските инвестиции.

Извор фактор