Џафери: Не може да се одложуваат изборите ако се избере техничка влада

0
71

СКОПЈЕ —

Власта и опозицијата, според собранискиот спикер, се договориле за усвојување на сите закони кои треба да стапат на сила од 1 јануари, а чие носење премиерот го наведе како предуслов за одржување на изборите во април.

Талат Џафери не прецизираше како биле надминати разликите – чекор со кој се отвора вратата за предвремените парламентарни договорени за 12 април. Џафери дообјасни во кој случај може да има одложување на изборите.

„Не може да се одложуваат изборите ако биде избрана техничка влада, зашто таа влада има задача токму да организира избори. Собранието пак, не може да се распушти ако 100 дена претходно не биде избрана таа техничка влада“, изјави Џафери.