Џонсон бара максимална казна за терористите –да не се пуштаат условно

0
75

Во петокот, 28-годишниот Усман Кан, со пакистанско потекло, со нож нападна луѓе во Лондон и уби две лица.

Хан бил ослободен од затвор на условна казна откако беше осуден на минимум осум години затвор како припадник на терористичка група која планирала да изврши напад на Лондонската берза во 2012 година, а по жалбата казната му била зголемена 16 години затвор.

Но, тој беше ослободен на условна казна по шест години и се приклучил кон програмата за рехабилитација.

„Таа практика треба да се запре, повторувам, мора да запре“, рече Џонсон.