17-годишно момче осомничено за убивање на кучиња во Аеродром

Полицијата по три месеци истрага со помош на околните камери го идентификуваше тинејџерот.

Момчето вчера е приведено во полициската станица во Кисела Вода. Според Кривичниот закон, тинејџерот се соочува со казна затвор од една година, но со оглед дека е малолетник, не е јасно дали за него ќе има олеснителни околности.

Граѓаните се уште чекаат да профункционира новиот стационар „Лајка“. Веќе два месеци бездомните кучиња дивеат по скопските улици, а во полициските билтени нема ден а да нема регистрирано пријава од граѓани каснати од кучиња. Градоначалникот Шилегов вели дека новиот дом за бездомните кучиња е во финална фаза. Ќе биде готов во јануари.