Авион со Европјани полета од Вухан, жариштето на коронавирусот

Британското Министерство за надворешни работи објави дека авионот ќе слета околу 13 часот.

Авион со 83 британски и 27 државјани на други земји полета од Вухан, жариштето на новиот коронавирус во централна Кина.

Британското Министерство за надворешни работи објави дека авионот ќе слета околу 13 часот.

Потоа ќе продолжи кон Шпанија, каде одговорноста за преостанатите патници ќе ја преземат нивните матични земји.