Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот корона вирус, пренесува агенцијата Ројтерс.
Баварската здравствена канцеларија потврдила дека синоќа случајот е потврден кај жител на градот Штарнберг, место кое е оддалечено 30 километри од Минхен.
Според странските медиуми, пациентот засега е во добра состојба и е под надзор на лекарски екипи.