Анкета: Американците веруваат дека САД станале понебезбедни по убиството на Сулејмани

Мнозинство од Американците не го одобруваат начинот на кој претседателот Доналд Трамп се справува со иранската криза и се чувствуваат понебезбедно, се дознава од најновата анкета на „Еј-би-си њус“-Ипсос.

– 56 отсто од Американците изјавиле дека не го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со заострените тензии со Иран, додека 43 отсто изјавиле дека одобруваат како тој се справува, анализира анкетата која била спроведена на 10 и 11 јануари, два дена по ракетниот одговор на Иран врз американски бази откако во напад на беспилотно летало на САД беше убиен ирачкиот генерел Касем Сулејмани.

Во направената анкета, 32 отсто од испитаните Американци изјавиле дека се вознемирени од можноста САД да бидат втурнати во сеопшта војна со Иран, 41 отсто изјавиле дека тие се донекаде загрижени за таква војна, 20 отсто изјавиле дека не се толку загрижени, додека седум отсто изјавиле дека не се воопшто загрижени.