Антикорупциска подготви стратегија за намалување на корупцијата во следните 5 години

Антикорупциска ќе бара од институциите да ја засилат борбата против корупцијата. Со петгодишна национална стратегија ќе советува како да се засилат контролите при јавните набавки, екипирање во правосудството, што поскоро да се направат центри за управување со отпадот, ревизија на Урбанистичките планови кои ги носат општините, целосна дигитализација при издавањето дозволи на бизнисот…

– Со реализација на целите и мерките од стратегијата треба да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, ефикасноста во користењето на јавните ресурси и јакнење на демократија, општествените вредности и можностите за остварување на човековите права, вели првата антикорупционерка, Билјана Ивановска.

Сепак, антикорупцеонерите признаваат дека донесувањето на стратегијата е полесниот дел, бидејќи, имплементацијата на обврските од страна на институциите секогаш оди бавно.

– Доколку навистина се има политичка волја од сите учесници во оваа стратегија, тогаш и имеплементацијата ќе биде неспорна. Она што ние ќе го правиме е да воспоставиме еден систем за следење на имплементацијата, вели антикорупционерот Владимир Георгиев.