Собранието да го донесе Законот за поништување на лустрацијата пред да се распушти затоа што власта се обврза да ги санира штетните последици од процесот на лустрација до 2017 година, побара Сибел Ахмет, претставничката на Блупринт Групата за реформи во правосудниот систем по денешната средба со новинарите.
Ахмет уште кажа дека овој закон не ја нуди целата правда затоа што освен лустрираните поранешни функционери со последици од лустрацијата се соочуваат и нивните семејства но и оние кои биле предмет на кодошење од страна на соработниците на тајните служби. Таа смета дека реакцијата на мнистерството за правда е задоцнета особено што Владата реагираше дури по реакциите на невладините организации.