Борбата против корупцијата е невозможна без делување на институциите

0
44

Ако сите релевантни институции не се борат против корупцијата и непотизмот, тогаш работата на Антикорупциската комисија е невозможна. Така оцени експертот Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл. Тасева додава дека институциите од извршната и од законодавна власт мора да ги почитуваат наодите донесени од Антикорупциска и да не делуваат како досега, без да преземат конкретни мерки во врска со случаите на непотизам и корупција.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, вели дека декларативната политичка волја сама не е доволна. Препорачува релевантните институции да делуваат во пракса.