Големи проблеми за Мурињо: Кејн го напушти „Сент Мери“ на патерици

Покрај лошата претстава на „Петлите“, голем проблем за менаџерот Мурињо би можело да претставува и повредата на Хари Кејн.

Имено, Кејн успеа да ја затресе мрежата на голот на Саутемптон на 15 минути пред крајот на натпреварот, но неговиот гол беше оправдано поништен поради офсајд. Меѓутоа, во оваа акција се повреди Кејн, фаќајќи се за задната ложа поради што мораше да биде заменет.

Навивачите на Тотнем дополнително беа загрижени од извештаите на британските медиуми, бидејќи напаѓачот го напушти „Сент Мери“ на патерици. Дали станува збор само за мерка на претпазливост или можеби Кејн претрпел сериозна повреда, останува да видиме во наредните неколку дена.