ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ЛАЖНАТА БОМБА ВО СИТИ МОЛ

Двајца деветнаесет годишници се приведени поради лажна дојава дека има бомба во скопскиот трговски центар Сити Мол. Од МВР велат дека по документирање на случајот и двајцата ќе добијат соодветна пријава.

Полицијата ја добила лажната дојава за бомбата околу 12 часот, по што посетителите и вработените беа евакуирани. Присутните преку разгласот во трговскиот центар добиле известување дека треба веднаш да го напуштат објектот.