Заев: Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата

Да покажеме вистински демократски капацитет за градење на силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Пораката од Заев доаѓа по завршувањето на дводневната стручна расправа во собраниската Комисија за политички систем и пред утрешната нова средба на работната група за законот за јавно обвинителство.

Министерката за правда Рента Дескоска на Фејсбук најави дека утре во 11 часот ќе се одржи средба на работната група со сите пратенички групи, со цел да усогласи текстот кој ќе влезе во собраниска процедура.