Заев: Земјата треба да даде дополнителни аргументи дека заслужува датум

0
35

Законот за Јавно обвинителство, изборите на 12 април и целосното спроведување на реформите беа тема на разговор и на одвоените средби на лидерите на СДСМ и ВМРО, Заев и Мицковски со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека е добро пред Советот на Европа да дадеме дополнителни аргументи за позитивна одлука и почеток на преговорите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски се пожалил кај Мишел за лошата состојба во која се наоѓа земјата по владеењето на СДСМ.

“Претседателот Мицкоски истакна дека членството во ЕУ е највисоко во агендата на ВМРО-ДПМНЕ и како партија која ќе ја формира владата по 12 април ќе направи се за Македонија да биде ставена на брза трака кон интеграција во Унијата. Претседателот Мицкоски посочи и на безизлезноста со оваа власт, како држава СДСМ не има донесено на дното. Корупцијата, криминалот и рекетот цветаат”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.