Зачувувањето на нуклеарниот договор со Иран е поважно од кога и да е, порача Борел

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, задолжен за надзор на механизмот за решавањето на споровите кои се дел од Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) за иранската нуклеарна програма од 2015 година потпишан со Иран, ги повика во средата, вклучително и Техеран, да го сочуваат.

„Зачувувањето на JCPOA денес е поважно од кога и да е. Механизмот за решавањето на споровите (кој го востановија Франција, Германија и Велика Британија) бара силни напори и добра верба од сите. Како координатор, очекувам од сите учесници во JCPOA во тој дух да му пристапат на процесот. Целта на механизмот за решавање на споровите не е повторно воведување санкции, туку решавање на прашањата во врска со примената на договорот во рамките на мешаната комисија. JCPOA е вачно остварување на мултилатералната дипломатија. Склучен е по повеќе години преговарање и друго решение освен него нема.“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

Британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот, сепак, рече дека е подготвен да го замени договорот со нов текст кој го сака Доналд Трамп, оценувајќи дека американскиот претседател е „одличен преговарач“.