ИЗГОРЕА ДВА АВТОМОБИЛИ НА ПАРКИНГОТ ПРЕД ТТЦ „ПЛАЗА“ ВО СКОПЈЕ

0
99

Утринава, околу 3 часот се запалија два автомобили на паркингот пред ТТЦ „Плаза“, на булеварот „8 Септември“ во Скопје.

 

Првичните информации се дека пожарникарите интервенирале еден час за да го изгаснат пожарот. Засега нема официјални информации кој е сопственик на автомобилите, како дошло до пожарот, иако шпекулациите во јавноста се дека се работи за автомобили на две македонски поп пејачки.

Во текот на денот се очекува официјална информација од МВР.