Иран повеќе нема да напаѓа американски цели

Постојаниот претставник на Иран во ОН, Маџид Тахт Раванчи, изјави денеска дека неговата земја ја завршила одмаздата за Сулејмани и нема да преземе понатамошни воени активности.

– Сите наши активности беа пропорционални со убиството на Касим Сулејмани. Тие завршија. Ако САД повеќе не преземаат воени активности против Иран, тогаш ние нема да преземаме вакви активности, истакна постојаниот претставник